Во вечерашното извлекување на Лото на Канал 5 телевизија се падна највредната добивка – седумката.
Среќникот ќе добие 27,3 милиони денари, или над 440.000 евра.
Ливчето е уплатено во Кочани, но засега не е познат идентитетот на добитникот.
Следното коло, се ресетира сумата и играчите ќе се борат за 7 милиони денари, колку што гарантира Државна лотарија.
Ова ќе биде навистина долга и весела ноќ за некого во Кочани.