Земјотрес, кој посилно беше почувствуван во западниот дел на Македонија, но и во делови од Албанија е регистриран во 22 часот и 36 минути по локално македонско време.
Според првичните информации на Европско медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) земјотресот е со јачина од 3.2 степени по рихтер.
Епицентарот на земјотресот е на 15 километри од Цетар Жупа, односно на 42 километри од албанскиот град Елбасан кој има популација од околу 100.000 жители.
Земјотресот е на длабочина од 2 километри. Повеќе информации се очекуваат подоцна.