Српската полиција во Белград го пронајде 21-годишниот Алекса Станковиќ од Крушевац кој беше пријавен за исчезнат на 28 декември минатата година, два дена пред исчезнувањето на сплиќанецот Матеј Периш.
Полицијата набрзо потоа успеа да го лоцира неговиот телефон во близина на Белград, после што на момчето му се губи секаква трага.
Потрагата по момчето од Крушевац траеше 42 дена, по што тој е лоциран во еден стан во населбата Врачар, во добра и стабилна здравствена состојба.
Тој на полицијата и изјавил дека своеволно заминал од дома, а не под присила. Полцијата во соработка со надлежните служби се уште работи на расчистување на случајот.
Во Белград се уште трае потрагата по 24-годишниот сплиќанец Матеј Периш кој исчезна на 30 декември минатата година.
Ненад Периш, таткото на Матеј Периш од Сплит, кој исчезна на 30 декември во Белград, се расплака вечерва кога ја слушнал веста дека е пронајден исчезнатиот млад човек Алекса Станковиќ (21).
– Фала му на Бога што го најдоа детето! Нека слават и нека живеат во љубов и здравје прегрнати до крај живи така – порача Ненад Периш во емотивна изјава.
Како што рече Ненад Периш, тој е среќен со целото свое срце бидејќи една мајка си го нашла своето дете.
Алекса во полиција изјавил дека и соопштил на мајка си дека си заминува од дома и дека си заминал доброволно. Младиот човек тој ден изнајмил стан во Врачар и имал намера да отпатува за Канада. Никому не се јавил, пишува „Телеграф.рс“.
Како што соопшти вечерва МВР, преку интензивна оперативна работа на припадниците на МВР, СВ Крушевац и полициската управа Белград, младиот човек бил лоциран во стан во Врачар, каде е пронајден во добра и стабилна здравствена состојба.
Алекса исчезна на 28 декември. Со себе ги понел сите дипломи, уверенија, сите документи, поради што мајка му мисли дека отишол некаде во странство, дека некој му понудил работа бидејќи е одличен компјутерски експерт.
На компјутер и оставил порака дека оди на работа во странство, дека фирмата во која работи му нуди работа, виза, сместување и дека му е обезбедено се.
Вечерва Српската полиција во Дунав пронајде човечко тело. Телото е пронајдно во Стара Паланка кај градот Вршач. Се ипитува дали станува збор за природна или наслилна смрт. Истрагата ќе покаже дали станува збор за Хрватот Матеј Периш кој е исчезнат еден месец.
Неговиот татко се уште не губи надеж и верува дека синот е жив.