Кајли Џенер и Тревис Скот на новородениот син му го дале името Волф Вебстер. Ѕвездата на Шоуто за семејството Кардашијан, на Инстаграм го објави името на новородениот син.

Таа се породи на 2 февруари, а веста ја потврди неколку дена подоцна.

Откако објави дека семејството добило принова, обожавателите на кланот Кардашијан-Џенер почнаа да погодуваат кое име ќе го доние синот на Кајли, претпоставувајќи најмногу дека ќе се вика Ангел поради еден коментар на нејзините фотографии.

Кајли и Тревис покрај новородениот син кој им е второ заедничко дете, ја имаат и четиригодишната ќерка Сторми Вебстер.

– Вулф Вебстер- напиша Кајли, што во превод значи Вук и иако за нивните простори е необично, во Србија тоа детско име и тоа како е застапено, пишува Телеграф.рс.