Засега се уште непознато лице во текот на вчерашниот ден на автопатот А3 во близин на загрепската населба Лучко фрлил цврст предмет од надвозник врз автомобил БМВ со загрепски регистарски ознаки, управуван од 55-годишен маж. Инцидентот се случил околу 14 часот.

Тој наводно фрлил камен кон БМВ-то при што го оштетил возилото, но за среќа немало сообраќајна несреќа.

Непознатиот сторител потоа фрлил уште еден камен, кој паднал врз БМВ со ријечки регистерски таблички управувано од 30-годишен маж. Каменот го пробил ветробранското стакло на возилото и удрил во телото на 25-годишен сопатник, кој не бил повреден.

Во тек е кривична истрага, информираат од загрепската полиција.