Со неизмерна тага се простуваме од нашиот Др. Колчо Грозданов. Специјалист- уролог, кој што долги години беше наш верен колега, искрен пријател и ГОЛЕМ ЧОВЕК пред сѐ, соопштија од Општата болница во Охрид.
– Патувај во Царството Небеско и нека тѝ е Вечен споменот. Искрено сочувство од колегите од Уролошкото одделение и од сите вработени во ЈЗУ Општа Болница Охрид.
Погребот ќе биде во недела во 11 часот на градските гробишта Охрид.