На 15 јануари беа 22 години од убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан во Интерконтинентал. Светлана Цеца Ражнатовиќ, вдовицата на Аркан, секоја година му оддава почит на убиениот сопруг на новите гробишта во Белград.

Пред пет години на поменот за прв пат присуствуваше и ќерката на Аркан, Софија, а тогаш српската јавноста можеше прв пат да ја види во главниот град на Србија.

Аркан ја добил ќерката Софија со социјалната работничка кој се грижела за него во белгискиот затвор. Софија сега живее во Брисел. Се до пред пет години не се појавуваше во медиумите, кога не ги криеше солзите при посетата на вечниот дом на нејзиниот татко Жељко Ражнатовиќ.

Софија првпат го видела својот татко на телевизија во 1991 година. Родена е во 1979 година, а самиот Аркан во 1994 година дознал дека има ќерка во Белгија.

Жељко Ражнатовиќ Аркан зад себе остави големо потомство од девет деца, кои ги имаше со пет различни жени, било во брак или вонбрачно.

Во првиот брак со Наталија Мартиновиќ ги доби близнаците Војин и Никола и ќерките Милена и Маша.

Трите деца од вонбрачни врски се Михајло, Софија и Анѓела, додека Вељко и Анастасија од бракот со Цеца се најмалите деца на Аркан.