52-годишен маж почина откако испил шампањ помешан со екстази во ресторан во јужна Германија, соопшти државното обвинителство.

Другите луѓе на иста маса се чувствувале лошо додека пиеле од истото шише послужено во сабота навечер во ресторан во Вајден, Баварија.

Пет мажи и три жени, на возраст од 33 до 52 години, итно биле пренесени во болница, каде 52-годишниот починал во текот на ноќта.

Во шампањот имало многу екстази

Државниот обвинител Герд Шефер рече дека токсиколошката анализа покажала дека шампањот содржел висока концентрација на екстази.

Државното обвинителство на Вајден истражува убиство од небрежност, предизвикување телесни повреди и кршење на законите за контрола на дрогата.

Инспекторите се обидуваат да утврдат како, каде и кога дрогата влегла во шишето со шампањ и кој имал информации за тоа, рече Шефер.

Пиеле шампањ од големо шише

Додека пиеле шампањ, гостите се грчеле и врескале од болка на подот од ресторанот, јави локалното радио. Седумте лица примени во болница не се во животна опасност.

Магазинот „Билд“ пишува дека шампањот бил во шише од три литри од кое пиеле сите на масата. Некои го забележале хемискиот и необичен вкус на пенливото виното веднаш по првата голтка.