Несреќата на влезот во српското населено место Алибунар која се случи во саботата вечерта кога патничко возило „Лада“ се судри со трактор однесе уште еден млад живот, јавуваат вечерва српските медиуми.
Како што дознава, на тешките повреди вечерва им подлегнала младата Анастасија Јоцев (19). Нејзините врсници на социјалните мрежи се збогуваат со својата пријателка.
Потсетуваме, Анастасија учествуваше во страшна сообраќајна несреќа, која однесе три млади животи. Несреќата на влезот во Алибунар се случила во саботата вечерта кога патничко возило „Лада“ се судрило со трактор.
Во автомобилот биле Зоран А.(32), Владимир М.(29) и Анастасија. Иако се движеле во ист правец, а тракторот развил брзина од околу 50 км/ч, во контактот меѓу двете возила автомобилот бил целосно згмечен, додека задното десно тркало испаднало од силината на ударот.
Се претпоставува дека патничкиот автомобил се движел со многу голема брзина.