Почина Менде Ивановски, претседател на македонската асоцијација на земјоделски задруги во државата, како и претседател на управниот одбор на земјоделската задруга „Ресгруп“ од с. Волкодери, Ресен.
Тажната вест ја потврди и семејството на неговиот фејсбук-профил.
„Почина нашиот сакан сопруг, татко, свекор, брат и пријател“, стои во објавата.
Оние што го познаваа го опишуваат како исклучително позитивна личност.
„Почивај во мир, добар човеку“, е само еден од коментарите на социјалните мрежи.
„Искрено сочувство до целото семејство, прекрасен човек, немам зборови, се вели во друг коментар.