Српската пејачка Тијана Милентијевиќ, попозната како „Жена од султана“ не крие дека вградила силикони во градите за да биде позадоволна од својот физички изглед, а сега сите ги забележале лузните кои се последица на операцијата.

Имено, таа отпатува за Занзибар од каде секојдневно се огласува, а со последната објава ги запали социјалните мрежи.

Тијана позираше во здолниште и црн горен дел, кои ги открија нејзините силикони, а многумина ја забележаа тетоважата која ја има на телото, но имаше и такви кои видоа лузна под горниот дел.

Тетоважата на „спајалици“ на телото под градите особено ги заинтригира нејзините следбеници.

– Јас сум за силикони ако жените ги ставаат во нормални граници. Нема потреба да се претерува во ништо, па ни во тоа. Не ми се допаѓа да гледам како некој премногу ги пумпа усните или градите. Тоа ми е одвратно – рекла еднаш Тијана.

📸

Во продолжение погледнете уште неколку фотографии од атрактивната пејачка:

📸

📸

📸

📸