Матеј Периш (27 г.) од Сплит кој исчезна ноќта помеѓу 30 и 31 декември минатата година во Белград се уште нема никаква трага, а неговиот татко Ненад веќе 50 дена го бара синот и како што тврди „големо изненадување ќе биде доколку го пронајде жив”.
„Во вторникот добив порака од непознат број. На пораката имаше напишано само адреса, а испраќачот ми кажа дека ако одам таму ќе најдам жив мојот син бидејќи го гледал во моментот. До адресата не го пишуваше градот, па морав да се јавам во хрватската полиција за да побарам помош. На адресата била белградската полиција и се работи за станбено деловен објект. Сепак, таму не беше Матеј. Сакам да и се заблагодарам на српската полиција за професионалната работа, која ми дава уверување дека ќе го најде мојот син“, вели Ненад Периш, таткото на исчезнатиот Матеј.
За потсетување, Периш се уште е во Белград, тој неговата сопруга и двете ќерки ги нема видено речиси два месеци. Како што тврди, додека е во Србија се надева дека ќе го најде неговиот син.
„Во контакт сум со полицијата. Се што дознавам им пренесувам на инспекторите, од информации до снимки. Можам да ви кажам дека поминаа 50 дена и ќе биде големо изненадување ако го најдам жив. Само ќе го гушнам и ќе го однесам дома“ вели Периш.
Младиот хрват исчезна на последниот ден од минатата година, кога во кратки ракави на мајчка си го напушти белградскиот клуб „Готик“. Тој три пати се обидел да запре такси за помош но не успеал. Последен пат е снимен во близина на реката Сава, а додека сигналот на неговиот мобилен телефон бил прекинат два и пол часа подоцна во близина на Големиот воен остров.