Голема трагедија во хит драмата на Канал 5. Умре главниот лик од “За семејството”, објавува специјализираниот портал ТВ Пакет.

Таткото на девојката на Кадир е причина за смртта на неговите двајца родители и тој факт беше голем шок за младиот јунак. По откритието и кавгата, во целиот хаос и брканица, Кадир доживеа страшна сообраќајна несреќа и умре во болницата.

Другите сирачиња остануваат сами, без заштита и поткрепа од оној кој беше и татко и мајка за младите ангели. Плач, лелеци и вресоци во најновата и најпотресна епизода досега.

А веќе во следните епизоди, дознајте дали скриената вистина конечно ќе излезе на виделина и дали негативците конечно ќе го добијат заслужениот крај. “За семејството”, од понеделник до петок на Канал 5.

📷

📷