Рускиот претседател Владимир Путин потпишал указ за регрутирање на руски државјани во резерва за воена обука во 2022 година, објавен е документ на официјалниот интернет портал за правни информации.

„Во 2022 година, се повикуваат граѓаните на Руската Федерација кои се во резерва да поминат воена обука во Вооружените сили на Руската Федерација, службите за државна безбедност и федералните безбедносни служби“, се вели во документот.

Дополнително, на Кабинетот на министри и на извршните тела на руските региони им е наложено да обезбедат спроведување на мерките поврзани со поканата на граѓаните за кампови за обука, како и одржувањето на овие кампови за обука, објави агенцијата РИА.