Тројца спелеолози се заглавени во австриска пештера откако одмрзната вода го наполнила тунелскиот систем побрзо отколку што очекувале, блокирајќи им го излезот, велат спасувачките тимови.
Пештерскиот систем Лампрехтшхоле се наоѓа во близина на германската граница. Се протега на околу 60 километри и е еден од најдлабоките во светот. Некои од пештерите сега се полни до врв со вода, што значи дека е изгубен контактот со истражувачите кои биле во пештерата на 20-часовна тура да собираат камења.
„Ние сме оптимисти бидејќи истражувачите се добро опремени професионалци кои знаат како да се справат со таква ситуација“, рече Моника Фајхтнер, шеф на локалната организација за спасување во пештери. Таа истакнала дека има безбедносни ниши и залихи за вакви ситуации.
Спасувачите работат на составување тим од четири лица кои ќе ги пронајдат исчезнатите истражувачи, ќе ја проверат нивната состојба и ќе им ги обезбедат сите потребни работи. Но, нема причина да се мисли дека се случило нешто драматично, изјавил лидерот на тимот Гернот Салцман за телевизијата oe24.
Властите велат дека полските истражувачи кои со децении го посетувале Лампрехтшехле се меѓу најдобрите познавачи на пештерата. Во наредните денови се очекуваат ниски температури кои би требало да предизвикаат опаѓање на нивото на водата и расчистување на патот кон излезот. Но, тешко е да се каже колку долго може да потрае.
„Без разлика на се`, не можам да пливам затоа што треба да бидете апсолутен експерт за да го направите тоа, а од наша гледна точка нема потреба за тоа во моментов“, рече Волфганг Гадермајр, спасител и геолог.
#fieldwork in Lamprechtshöhle #cave
The deepest cave in whole #Alps and 5th deepest on 🌎
Today just a warm up in lower passages tomorrow long way up to +600m
Northern Calcarouse Alps pic.twitter.com/XgissZgTKb— Jacek Szczygieł (@SpeleoJacek) February 16, 2022