Слика од дете кое игра на брегот на морето додека неговиот татко нуркаво плитката вода е направена само неколку моменти пред да биде нападнат и убиен од голема бела ајкула.
Таилија Крав немала идеја дека ова ќе биде последната среќна фотографија од нејзиниот двегодишен син Леви заедно со неговиот татко Данкан (32) од Варнанбул во западна Викторија.
Семејството минатиот месец кампувало во Порт Мекдонел на брегот на Јужна Австралија, кога таткото Данкан исчезнал во водата околу 17 часот, додека сопругата и синот уживале на плажа, без да знаат дека нешто не е во ред.
United in grief. Shark attack victim Duncan Craw’s cricket club, the Woolsthorpe Warriors in Western Victoria, have gathered today to remember the young father who lost his life at Port MacDonnell two days ago. @9NewsAdel pic.twitter.com/gNNxUR5mmd
— Mike Lorigan (@mikelorigan) January 23, 2021
На фотографијата, Таилија го фатила својот син Леви како игра со жолта лопата на песокот во преден план, додека неговиот татко Данкан можел да се види во далечината, во горниот лев агол, додека нурка со маска и ужива во водата.
Неколку минути подоцна, секоја трага од него исчезнува.
– Тој беше најдобриот татко на Леви и најубав сопруг и најдобар пријател на Таилија, неговата љубов од средно училиште – изјавија семејните пријатели за медиумите.
Warrnambool father Duncan Craw has been farewelled at a memorial service in his hometown.
The tight knit community is rallying behind his wife and two year old son, after the 32 year-old died while snorkelling off the South Australian coast. @LizGwynn #9News pic.twitter.com/UJU8RC50Od
— 9News Melbourne (@9NewsMelb) January 31, 2021
Властите веруваат дека Данкан починал ненадејно од непозната природна причина пред неговото тело да биде изедено од голема бела ајкула видена во таа област.
Неговите посмртни останки биле пронајдени во близина на популарното живописно место во вторникот, откако екипите за пребарување пронашле искинат влажен костум и перки од местото на настанот.
„Иако можеби никогаш нема да знаеме со сигурност, врз основа на доказите што ги имаме, сега веруваме дека Данкан доживеал срцев удар многу пред да пристигне ајкулата“, се вели во соопштението на семејството.