Седумдесет и двегодишен маж од Лесковац почина денеска на улицата „Максим Горки“ како последица на срцев удар предизвикан од стрес, откако напуштен питбул му го раскинал неговото куче. Стариот човек не можел да го одбрани својот миленик од агресивното куче.

Како што е потврдено за Информер, несреќниот маж буквално колабирал во својот двор 15 секунди по немилиот настан, лекарите од Брзата помош извршиле реанимација на лице место, но не успеале да му помогнат.

„Десетина од нас во соседството се обидовме да го запреме бесното куче, да го одвратиме од нападот, но не успеавме. Што е уште полошо, ова не е прв пат истото куче да напаѓа минувачи на улица и веќе не смееме да ги пуштаме децата надвор, изјави Милан Ѓорѓевиќ, очевидец на настанот кој се случи околу 13 часот.

Како што вели, за се веднаш била известена полицијата, која во присуство на комуналните служби трагала по кучето, но, според неговите информации, се уште не е пронајдено.