Македонскиот поп пејач Александар Тарабунов на својот инстаграм-профил сподели вознемирувачка информација во која вели дека е уапсен.

Имено, пејачот вчера имал настап во еден битолски локал, каде многубројни фанови дошле на настапот и на неговиот профил имаше многу „сториња“ каде пее и ужива во атмосферата.

По неколку објавени музички „сториња“, тој сподели едно во кое објаснува што се случило по настапот:

„Вчера вечерта бев уапсен во Битола каде што настапував, како да сум најголем криминалец. Со лисици, со туркање во комбе ме однесоа во станица, буквално за ништо. Изрежираа дека се противам на началникот и дека немам лична карта, иако се обидов да ја покажам и заедно со сопственикот на локалот не’ држеа до 8 сабајле.

Спијте мирно луѓе, нема веќе криминал, се’ е решено“ – напиша тој видно револтиран на својот инстаграм профил.