Новинарот Јури Бутусов и политичарот Нестор Шуфрич се степаа во текот на гостување во украинска емисија наречена „Слобода на говорот“.

Жестоката расправа прерасна во физичка пресметка кога Шуфрич истакна дека Платформата за живот е втора по сила во парламентот, а украинскиот народ ја поддржува неговата партија.

Бутусов потоа ги нарече „предавници“ сите членови на Платформа за живот и ги обвини за предавство и ширење руска пропаганда и наратива во Украина.

Водителот на емисијата се обиде да ја смири ситуацијата нагласувајќи дека судот ќе одлучи дали е некој предавник, но не успеа бидејќи Бутусов брзо му се приближи на Шуфрич и го удри во лицето.

Шуфрич стана за му возврати, но и двајцата паднаа на подот пред Бутусов да го фати противникот околу главата. Шокираните гости, меѓу кои и поранешниот премиер на Украина Арсениј Јацењук и поранешниот претседател Петро Порошенко, ги молеа да престанат. По минута борење на подот од студиото, успешно ги разделија.

Кога ситуацијата се смири малку, Шуфрич го напушти студиото, па се врати и му порача на ривалот дека е обичен провокатор.