Нешто пред 17 часот и 30 минути на главната улица „Илица“ во Загреб се случила сообраќајна несреќа, јавува Индекс.хр.

Недалеку од Британскиот плоштад, автомобил мерцедес удрил во скеле на зграда откако прво удрил во зграда од другата страна на улицата.

Повреден и пешак

Според полициската управа во Загреб, полицијата околу 17 часот и 15 минути добила пријава за сообраќајна незгода.

Две лица се повредени, а како што дознава Индекс, еден од нив е пешак.

Оштетени се повеќе деловни простории, меѓу кои и филијала на Хрватска лотарија, а скелето што го запрело автомобилот се урнало.

На терен се излезени полиција и пожарникари.

📷

📷

📷

📷

📷