Македонската полиција запленилa дрoга вредна 200 000 евра, уапсени десетина криминалци во Скопје, објави утрово Канал 5 телевизија.
– Во голема полициска акција синоќа на повеќе локации во Скопје се запленети 60 кг. марихуана, вредна околу 200.000 евра, а приведени се десетина криминалци и тоа од скопски Грчец, од Косово, како и од Албанија, дознаваме од извори на истрагата, објави Канал 5.
Засега нема официјално соопштение од МВР, но во текот на денот очекуваме детални информации од полициската акција.