Русинката Јулија Тарашевиќ, мајка на две деца, пред две години заврши на второто место на изборот за Мис на Русија. После тоа, таа реши да направи естетски зафати во Краснодар – фејслифтинг (затегнување и подмладување на кожата), подигнување на очните капаци и мини липосукција меѓу другото.

Како што вели, по операциите отекла и и’ се воспалиле ткивата.

– Влегов во клиниката со убаво, здраво лице. Сакав само неколку мали корекции кои ќе го прикријат процесот на стареење. За жал, ги изгубив здравјето и убавината – вели Јулија која денес веќе не може да го движи лицето, а не може ниту да ги затвори очите.

📸

Почетната цена на постапката, која тргнала наопаку, била околу 3.000 фунти. Таа досега потрошила 20.000 фунти обидувајќи се да ја подобри својата состојба, но безуспешно. Таа вели дека тужела двајца лекари кои и направиле операции, додека тие тврдат дека компликациите настанале поради нејзиниот „редок генетски дефект“.

-Имам огромни лузни на образите кои настанаа откако ми го уништија целото ткиво. Не можам да ги затворам очите и не можам да се смеам или да ја подигнам горната усна. Дел од моето лице воопшто не функционира. Секако, ги направив сите тестови пред операцијата. Исто така, пред сето ова го оперирав носот што помина совршено и никој не ме предупреди за некакви генетски абнормалности – вели таа за руските медиуми.

Таа понатаму открива дека по зафатот морала да оди на итна операција на окото за лекарите да ја спасат од некроза.

Хирурзите кои ја извршиле процедурата, Андреј Комаров и Омар Калед, тврдат дека Јулија всушност боледува од склеродерма, ретка и исклучително болна состојба на „стврднување“ на кожата, а која потоа предизвикува тешки оштетувања на внатрешните органи. Сепак докторите не доставиле докази за тоа.

– Се обидуваат да ја префрлат вината на мене, а тие се оние кои ми го нагрдија лицето и сега се обидуваат да отфрлат секаква одговорност. Ќе видиме на суд кој е во право – вели Јулија, додавајќи дека во моментов хирурзите се под истрага.