Руската армија рано утринава презеде акција и ја нападна Украина.
Засега главниот удар, како што пренесуваат светските медиуми, доаѓа од правец на Донбас и Луганск. Акцијата започна рано утринава во 3:50 часот по средноевропско време, кога рускиот претседател најави напад на Украина.
И белоруската армија ја нападна Украина?
Украинскиот воен аналитичар Илја Помаренко изјави дека белоруските војници ги нападнале украинските граничари. Од друга страна, новинарите на CNN тврдат дека такви информации нема.
Пет минути после 6 часот во Киев се огласија сирените за воздушен напад, јавува Си-Ен-Ен.
Air raid sirens as refugee convoy hits traffic on outskirts of Kyiv. This is very, very real now. pic.twitter.com/XzPK7BpCqj
— Max Hunder (@Max_Hunder) February 24, 2022
📷
NOW – Air raid sirens are going off in #Kyiv, Ukraine's capital. #UkraineRussiaCrisis pic.twitter.com/oQvu7RRHsb
— Krn (@KrnHimself) February 24, 2022