Русија започна инвазија на Украина во раните утрински часови.
Извршен е координиран напад на неколку воени аеродроми, а сега се појави и видео од руските тенкови како се движат кон Донбас во источна Украина, јави турската агенција Анадолија.
Од друга страна, конвој руски тенкови е снимен на преминот Санкивија на границата со Белорусија, јавува Си-ен-ен.
Украински воени извори јавуваат дека земјата била нападната од север, од границата со Белорусија, како и дека во нападите наводно учествува и белоруската армија, пренесува „Гардијан“.
По рускиот напад излегоа бројни светски претставници.
Западните лидери веднаш ја осудија воената одлука на Владимир Путин, а американскиот претседател Џо Бајден беше меѓу првите што се огласи.
Лидерите на земјите членки на Европската унија денеска ќе одржат вонреден состанок на кој ќе разговараат за новите санкции против Русија поради одлуката на Москва да започне воена акција во Украина.
Russian military tanks seen in separatist-held Donetsk region of eastern Ukraine pic.twitter.com/OPLq6zi6z6
— ANADOLU AGENCY (@anadoluagency) February 23, 2022
🎥