Две силни експлозии одекнале од правец на аеродромот Хостомел во близина на Киев.

– Само што слушнав голема експлозија од правец на аеродромот Хостомел, посилна од претходно – напиша новинарката Jane Lytvynenko на Твитер, а набргу потоа додаде дека се слушнала уште една експлозија.

Во украинските градови почна полициски час

Украина во средата воведе вонредна состојба, што значи дека владата може да воведе полициски час во секое време. Бројни украински градови моментално се под полициски час, вклучувајќи го и Киев.

Продавниците и рестораните беа затворени, а улиците започнаа да се празнат и пред 21 часот, кога стапи на сила полицискиот час, јавува Би-Би-Си.