Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша декрет за општа мобилизација на населението по руската инвазија.

Регрутите и резервистите ќе бидат повикани во наредните 90 дена за да се осигура одбраната на земјата и да се одржи борбената подготвеност, се вели на веб сајтот на украинскиот претседател.

Зеленски вети дека Украина ќе продолжи да се бори, велејќи дека нова железна завеса се спушта меѓу Русија и Западот. Тој сака Украина да остане на страна на Западот.

Претходно, украинската гранична служба соопшти дека им е забранет излез од земјата на сите мажи од 18 до 60 години.

Во телевизиско обраќање, Зеленски рече дека тој е првата цел на непријателот, a втора цел e неговото семејство. Тој жали за „млаката реакција на Западот“.