Украинските сили соборија непријателски авион над Киев во петокот во раните утрински часови, кој потоа удри во станбена зграда и ја запали, изјави Антон Херашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи.
Не е јасно дали авионот бил со екипаж. Херашченко на Телеграм напиша дека гори деветкатна станбена зграда.
Руското министерство за одбрана потврди дека руските копненени сили се во Украина
Претходно во Киев се слушнаа серија експлозии за кои Херашченко рече дека се звуци на пукање на воздушната одбрана кон авионот. Русија во четвртокот започна целосна инвазија на Украина, а Киев објави дека има десетици жртви и стотици ранети.