Рускиот претседател Владимир Путин штотуку им се обрати директно на украинските војници и ги повика да се свртат против нивната влада, јавува Би-Би-Си.

Тврди дека Русија главно се бори против „националистите“ и ги повикува украинските вооружени сили да се предадат.

„Преземете ја власта во свои раце. Се чини дека ќе ни биде полесно да се договориме со вас отколку со оваа банда на наркомани и неонацисти. Десните и неонацистите во Украина инсталираат тешко оружје, ракетни системи во центрите на големите градови, Киев и Харков“, додаде тој.

Од вчера Украина е во војна. Сега Украинците го бранат главниот град Киев.