Додека во украинскиот главен град Киев се случува сериозен конфликт помеѓу Украина и Русија, министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров го покани претседателот Зеленски на преговарачка маса под услов украинските војници да го остават оружјето на земја.

Инвазијата на руската артилерија продолжува да брза кон оваа некогаш сојузничка држава.

Впечатлива снимка е снимена утрово на Крим, каде што може да се види бескрајна колона воени возила, меѓу кои и со тешка артилерија.

Посебно забележително на видеото што е вирално на социјалните мрежи е што во колоната има над 20 термобарични оружја.

Станува збор за моќното оружје, TOS-1 “Buratinо” и TOS-1A “Solncepek” кои воедно преставуваат едни од најсмртоносните оружја во светот, кои имаат задача да ја скршат целта.

📷

📷

📷

📷

📷