Руските сили рано утрово извршија координирани ракетни и артилериски напади врз украинските градови, вклучително и главниот град Киев, каде што пукаше во близина на владините згради во центарот на градот, изјавија воени претставници и очевидци.

Украинските власти ги повикаа граѓаните да помогнат во одбраната на Киев протиб напредувањето на руските сили кои во четвртокот го нападнаа во најголемата европска безбедносна криза во последните децении, пишува Ројтерс.

Но, дури и кога борбите се интензивираа, руската и украинската влада сигнализираа отвореност за преговори, нудејќи ја првата трошка надеж за дипломатија откако рускиот претседател Владимир Путин ја започна инвазијата.

Артилериски гранати експлодираа во Киев, изјави сведок на Ројтерс. Украинските власти соопштија дека руските сили истрелале крстаречки ракети од Црното Море во градовите Суми, Полтава и Мариупол и дека тешки борби се водат во близина на јужниот град Мариупол.

„Судбината на Украина се решава токму сега“, изјави во петокот украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Командата на воздухопловните сили претходно извести за тешки борби во близина на воздухопловната база во Василков, југозападно од главниот град, која според неа била нападната од руски падобранци.

Михаил Подољак, советник во кабинетот на претседателот, рече дека ситуацијата во Киев и неговите предградија е под контрола. „Има случаи на руски диверзантски и извидувачки групи кои делуваат во градот, полицијата и силите за самоодбрана практично им се спротивставуваат“, рече Подољак.

Министерството за одбрана им порача на жителите на Киев да направат молотови коктели за да ги одвратат напаѓачите.

Украинската армија тврди дека го соборила рускиот воен транспортен авион Иљушин-76, кој превезувал руски падобранци, во близина на Киев. Командантот на украинскиот Генералштаб Валериј Залужни објави на Твитер дека големиот повеќенаменски Иљушин е урнат во близина на градот Василков.

Би-би-си и странските агенции не можеа да ја потврдат оваа информација.

Украинските медиуми пак рано утрово објави дека не еден, туку ДВА тешки транспортни авиони на Русија Иљушин Ил-76 биле соборени во околината на Киев.

Киев Индипендент ја цитираше украинската разузнавачка служба дека еден Ил-76 бил соборен во близина на Бела Црква. Изданието пренесе дека авионот може да „пренесе над 100 падобранци за слетување на југот на Киев“. Украинското Министерство за одбрана допрва треба да го потврди соборувањето.

Доцна во петокот навечер, Министерството за одбрана соопшти дека Ил-76 бил соборен во близина на Василков во близина на Киев. Генерал-полковник Валериј Залужни изјави дека овој авион превезувал падобранци за слетување во областа Василков кога бил погоден од украинска страна. Тој го опиша соборувањето како „одмазда“ за соборувањето на Ил-76 на украинските воздухопловни сили во 2014 година над Луганск, при што загинаа 40 падобранци и девет членови на екипажот.

Руското Министерство за одбрана објави во петокот вечерта дека руските војници без отпор влегле во украинскиот град Мелитопол, пренесе руската агенција Тасс. Би-Би-Си не можеше самостојно да ја потврди оваа информација, но украинскиот претседател Зеленски претходно најави дека во градот се водат жестоки судири. Мелитопол е град со 150.000 жители на југоистокот на Украина, недалеку од Крим и Азовското Море.

Унгарија понуди да биде домаќин на руско-украинските мировни преговори во петокот вечерта. Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто им го понуди ова на својот руски колега Сергеј Лавров и на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак.

„Предложив преговори во Будимпешта, безбедно место за двете делегации“, објави Сијарто на Фејсбук. „Тие ми се заблагодарија и рекоа дека ќе ја разгледаат понудата.

Унгарија, членка на ЕУ и НАТО, има блиски односи со Русија откако Виктор Орбан дојде на власт. Сепак, тој ја осуди и руската инвазија на Украина.

Русија веќе предложи разговорите да се одржат во Минск, но како предуслов бара предавање на украинската армија.

САД во петокот воведоа санкции против рускиот претседател Путин, министрите за надворешни работи и одбрана Сергеј Лавров и Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов поради руската инвазија на Украина.

„Ние сме обединети со нашите меѓународни партнери и сојузници во плаќањето на Русија висока економска и дипломатска цена за инвазијата на Украина“, се вели во соопштението на американската министерка за финансии Џенет Јелен.

Министерството за финансии, исто така, воведе санкции за рускиот фонд за директни инвестиции, државниот финансиски субјект за привлекување капитал во развојните сектори на Русија.

Лични санкции против Лавров и Путин веќе најавија ЕУ, Британија и Канада.

Американскиот претседател Џо Бајден му нареди на американскиот Стејт департмент да ослободи 350 милиони долари воена помош за Украина во петок додека се брани од руските инвазии. Во меморандумот до државниот секретар Антони Блинкен, Бајден нареди 350 милиони долари доделени со Законот за странска помош да бидат доделени за одбраната на Украина.

Русија стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност во петокот вечерта во која се изразува „жалење“ за нејзината инвазија на Украина. Во ова, сепак, таа остана изолирана.

Кина е воздржана за меѓународна изолација на Русија. Воздржани беа и Обединетите Арапски Емирати и Индија, а ЗА останатите 11 членки на Советот.

За да се осигура дека овие три земји нема да се спротивстават, текстот на нацртот е омекнат, па наместо „осуда“ беше изразено „жалење“ со рускиот напад. Текстот ја повикува Русија веднаш да ги повлече своите сили од Украина и го поддржува нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.