Киевското небо е осветлено со пулсирачка светлина од југозападниот дел на градот, јавуваат светските агенции доцна вечерва.

Едната од детонациите била на околу 20 километри од центарот на градот непосредно пред полноќ по македонско време (односно пред 01 часот по украинско време), а другата околу полноќ, од истиот дел на градот, од правец на друг голем аеродром во Киев.

Снимката ја објави репортер на Си-Ен-Ен. Тој вели дека не знае за што точно се работи, претпоставува дека се работи за пожар во резервоар со гориво.

Уште една непроспиена ноќ е пред жителите на главниот град на Украина. Се очекува и воздушен напад, на новинарите им беше предложено да се симнат од покривот и да ги пригушат светлата.