Рускиот претседател Владимир Путин ѝ се обрати на јавноста накратко на телевизија – ова е прво јавно обраќање од петокот.
Путин ја нарече инвазијата на Украина „специјална операција за давање помош на народните републики во Донбас“ и го пофали „херојството“ на руските сили кои се борат во Украина, пренесува АФП.
„Посебна почит им оддавам на оние кои деновиве херојски ја извршија својата воена должност за време на специјалната операција за пружање помош на Народна Република Донбас“, изјави Путин, цитиран од Интерфакс.
Денеска е четврти ден од руската инвазија на Украина. Во текот на ноќта почнаа нови жестоки напади во околината на Киев. Најжестоките борби се водат во градот Василков, на околу 30 километри јужно од Киев. Во градот е погодено големо складиште за нафта, додека во Харков е погоден гасовод, јавуваат украинските медиуми.
Западните земји воведоа нови санкции кон Русија. Некои банки се исклучени од SWIFT, глобалниот платен систем. Тие најавија и дека ќе го парализираат имотот на руската централна банка, а на руските олигарси ќе им биде забрането да користат финансиски средства на европските пазари.