Русите ќе чекаат до 15 часот за одговор од Украина.

Претставникот на делегацијата на Руската Федерација Владимир Медински денеска за новинарите изјави дека претставниците на руската делегација ќе чекаат до 15 часот по локално време за одговорот на Украина во врска со договорот за средбата во Гомел.

„Ќе бидеме тука и ќе чекаме потврда од украинската страна до 15 часот за нивната одлука да одат на преговори во Гомел. Штом ја добиеме оваа потврда, веднаш ќе одиме таму и ќе се сретнеме со колегите“, изјави претставникот на Руската делегација Медински, пренесува ТАСС.