Претставникот на делегацијата на Руската Федерација Владимир Медински изјави дека украинската страна ја прифатила поканата да преговара со Русија во Белорусија. Според него, руската делегација заминува за регионот Гомел.

Ваквата одлука на Украина доаѓа откако претседателот Володимир Зеленски му се јавил на белорускиот претседател Александар Лукашенко, додека деталите од овие преговори не се познати.

Една од верзиите зошто Зеленски го повикал Лукашенко се безбедносните гаранции. Зеленски, најверојатно, е загрижен дека „нема да биде убиен на патот кон Гомел или во самиот Гомел“. Засега е нејасно во каков формат ќе биде средбата и дали на истата ќе присуствуваат Путин и Зеленски, или пак средбата ќе биде на пониско ниво.

Украина веќе одговори дека делегацијата заминува во Гомел на преговори со Русија.

По разговорот со Зеленски, Лукашенко му се јавил на Путин и предложил руската делегација да понуди нов термин, имајќи во предвид дека првичниот термин за средба во 15 часот веќе по мина, на што Путин се согласил, рече прес-секретарот на Лукашенко, Наталија Ајсмонт.