Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да биде во преговарачкиот тим на Украина на средбата закажана на украинско-белоруската граница со руската делегација.

Амбасадорката на Украина во САД, Оксана Маркарова, денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „дефинитивно нема да биде дел од делегацијата во преговорите со Русија“.

Таа за Си-Ен-Ен изјави дека украинскиот претседател останува да ја „брани земјата“, го повика рускиот претседател да ја прекине војната и рече дека Украина ќе испрати делегација на преговорите, пренесува Ројтерс.