Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на Tелеграм ја демантираше информацијата дека градот е опколен од руските сили. Тој претходно даде изјава за Асошиејтед Прес, а ја пренесе Би Би Си каде зборува дека е потребна помош затоа што градот е опколен, но сега тој вели дека тоа било дезинформација.

Тој на Телеграм напиша :

„Руските интернет публикации шират информации во врска со мене дека Киев е наводно опкружен и дека евакуацијата на луѓето е невозможна. Не верувајте во лаги! Верувајте во информации само од официјални извори“, рече тој.

Но, иако Кличко покажува со прст кон руската страна, на сајтот на агенцијата АП, на која и дал интервју, стои неговата изјава дека „Киев е опколен и дека патиштата се блокирани“.

Во главниот град останува во сила полициски час, а многу жители се засолнуваат во подрумите и подземните станици.