Летонија е подготвена да обезбеди засолниште во западниот дел на земјата за руските војници кои одбиваат да употребат оружје против Украина.

Ова во каналот Телеграм го објави советникот на министерот за внатрешни работи на Украина Антон Герашченко, пренесува украинската агенција „Униан“.

„Летонците се подготвени да дадат азил на запад на руските војници кои одбија да користат оружје против Украина. Нив ќе ги угостат земји кои не се вклучени во снабдувањето со оружје на украинската армија“, напиша Герашченко.

Според него, ова може да биде пресвртница.

„Руските војници се деморализирани. Тие не сакаат да се борат. Можноста да одат да живеат во Европа за нив е прашање на опстанок“, нагласи советникот на министерот.