– Запомнете дека во историјата на човештвото, економските војни често се претвориле во вистински, порача поранешниот руски премиер и претседател, а актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев.

Медведев се осврна на изјавата на францускиот министер кој најави дека ЕУ ќе започне економска војна против Русија.

– Денеска француски министер изјави дека и објавиле економска војна на Русија. Внимавајте на јазикот, господа! И не заборавајте дека во историјата на човештвото, економските војни често се претвориле во вистински, рече Медведев.