– Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека по заедничките воени вежби побарал од неговиот руски колега Владимир Путин да задржи дел од руските сили во Белорусија.

„Побарав од рускиот претседател да задржи дел од руските сили во областа Гомел. Но, ние никогаш не планиравме војна со Украина, ниту се сомневавме дека би можеле да бидеме загрозени од тој правец и никогаш не сме стационирале ниту една воена единица таму“, изјави Лукашенко на денешната седница на Советот за безбедност .

Лукашенко оцени дека „на Западот му е потребен вооружен конфликт“ за да може да ја обвини Русија.