– Во најновите борби во Украина, јужниот град Керсон – со население од околу 250 илјади луѓе, според медиумски извештаи паднал во рацете на руските војници, јавува Би-Би-Си, посочувајќи дека се уште нема официјална потврда.

Руските војници го зазедоа речното пристаниште и железничката станица во Керсон, изјави градоначалникот на Игор Колихав. Тој апелира за помош од националната влада и хуманитарните агенции за да се обезбеди испорака на материјали, вклучително и храна и лекови и евакуација на повредените.

Член на локалниот совет изјави за Би-Би-Си дека загинале 200 луѓе, од кои многумина цивили. Официјалните власти наведуваат дека засега е потврдено дека четири лица загинале во последниот напад на градот.