Џејдин Ли Лукас (3) и Грејси Ен Витон (4) се враќале од роденденска забава кога автомобилот во кој се наоѓале се судрил со камион.

Малиот Џејдин бил пренесен во болница, но за жал им подлегнал на повредите една недела по сообраќајната несреќа што се случила на 5 февруари.

Неговата постара сестра починала по срцев удар за време на несреќа на автопатот М4 во близина на Њупорт.

Возачот на камионот Форд Транзит, 41-годишниот Мартин Њуман, се изјасни за виновен што ја предизвикал несреќата со „насилно возење“.

Тој пред судот ја призна вината за тешките повреди на мајката на децата Ријанон.

Таа исто така била пренесена во болница каде се уште се опоравува. Њуман ќе ја чека пресудата која ќе биде донесена на 8 април.

Нивната братучетка Џејми Лукас (19) ја потврди смртта на малиот Џејдин Ли, кој им подлегна на повредите неколку дена по неговата сестра.

– За жал, една недела по тешка борба, Џeјдин почина. – изјави Џејми Лукас.

– Беше прекрасен, креативен и со многу нежна душа. Знаеше да ги претвори црните облаци во бели. – додаде Џејми.

Неутешната Џејми и оддаде почит на малата Грејси Ен, по нејзината трагична смрт во име на семејството.

– Се обидувам да го прифатам фактот дека ја нема повеќе, тешко е да се поверува.

– Беше толку млада. Таа имаше светла иднина пред неа. Таа беше толку убаво дете. – рече Џејми.

– Навистина останав без зборови. Таа се враќала од роденденска забава и само наеднаш ја нема повеќе.

– Беше многу паметна и креативна. Имаше прекрасна имагинација и беше убаво да се биде околу неа. – неутешно објаснуваше Џејми.

Професорот Хув Вајт од основното училиште Дејтон ги опиша како „посебни деца“.

– Се уште сме во шок и многу сме тажни поради загубата на двете деца. Никогаш нема да ги заборавиме и колку беа ценети како дел од нашиот училишен тим, рече професорот Вајт.

Двајцата не’ смееја секој ден. Нивната позитивна енергија ја осветли секоја просторија во која влегуваа. Нивните животи ќе ги памети и слави целата заедница. Тие имаат посебни места во нашите срца и основното училиште Дејтон никогаш нема да ги заборави, додаде тој.

Веб-страницата GoFundMe собра повеќе од 11.500 фунти за погребни трошоци.