– Посветуваме внимание на невиденото ниво на русофобија забележано во голем број странски земји во позадина на специјалната воена операција во Украина.
❗ Предупредуваме дека сите вакви инциденти се внимателно евидентирани, официјално е објавено вечерва на официјалниот Твитер профил на Руската амбасада во Македонија.
Во прилог на оваа порака, поставен е и линк кој води до соопштение на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, а во кое се порачува:
Привлекуваме внимание на невиденото ниво на русофобија забележано во голем број странски земји во позадина на специјалната воена операција во Украина.
❗ Предупредуваме дека сите вакви инциденти се внимателно евидентирани. https://t.co/cH7eq9oOZg
— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) March 5, 2022
Ние посветуваме големо внимание на невиденото ниво на русофобија забележано во голем број странски земји во позадина на специјалната воена операција во Украина.
– Кампањата за дискриминација на руските студенти, спортисти, културни и уметнички дејци, која се промовира со уверување или отворено одобрување на властите на одредени држави, веќе резултираше со отворено агресивни дејствија од масовен карактер против Русите и граѓаните кои зборуваат руски.
Во некои земји, вклучувајќи ги Германија, Полска, Италија, се забележани случаи на напади врз возачи на камиони од Русија и Белорусија. Забележани се бројни случаи на оштетување на лични возила со руски таблички. Руските дипломатски претставништва во Исланд, Ирска, Канада, Литванија, Полска, Шведска и Естонија беа нападнати од млади хулигани.
Предупредуваме дека сите вакви инциденти се внимателно евидентирани. Релевантните материјали ќе бидат пренесени до надлежните органи за правна проценка, сторителите ќе одговараат согласно важечките закони, се вели во соопштението.
Путин и нареди на владата да му достави целосен список на земји кои воведоа санкции кон Русија
Рускиот претседател Владимир Путин и нареди на владата да состави и во рок од два дена да достави список на земји кои воведоа санкции кон Руската Федерација. Ова важи и за компании, организации и поединци, според указот на шефот на државата.
„Владата на Руската Федерација во рок од два дена да направи список на странски земји кои вршат непријателски дејствија против Руската Федерација, руските правни и физички лица“, се вели во соопштението.
Со овој указ, претседателот воспостави привремена постапка за плаќање на странски кредитори поврзани со земјите кои воведоа санкции кон Руската Федерација.