За некого можеби чиста случајност, но за оние кои се занимаваат со нумерологијата и бројките, секако дека е повеќе од случајност.

Бројот 68 е судбински поврзан со датумот на почетокот на Првата Светска Војна и со датумот на почетокот на Втората Светска Војна. Е сега, верувале или не, доколку се соберат бројките од датумот на почетокот на руската инвазија на Украина, ќе се дојде до истата фамозна бројка, 68.

Но, да одиме по ред.

1. Првата Светска Војна започнала на 28.07.1914 година- доколку ги собереме бројки 28+7+19+14 ќе дојдеме до бројката 68. (28+7+19+14= 68)

2. Втората Светска Војна започнала на 01.09.1939 година- доколку ги собереме бројките 1+9+19+39 ќе дојдеме до бројката 68. (1+9+19+39= 68)

3. Инвазијата (војната) на Русија врз Украина започна на 24.02.2022- доколку ги собереме бројките 24+2+20+22 пак ќе дојдеме до 68. (24+2+20+22= 68)