Заедно со вчерашната одлуката на зголемување на цените на горивата од која сите доживеавме шок, Регулаторната комисија за енергетика нé извести дека, цитираме:

„Од ден во ден драстично се зголемуваат цените на нафтените деривати на светските берзи, а дополнително на тоа и курсот на доларот расте, овие се клучни фактори кои влијаат врз крајната цена. Поради сложената геополитичката состојба која се одразува врз цената на енергенсите, а со цел да се обезбеди сигурност и стабилност на пазарот со нафтените деривати и да се заштитат потрошувачите од големи ценовни осцилации, од сега натаму РКЕ ќе носи одлуки на дневно ниво за цени на нафтени деривати, доколку берзанските цени имаат значителни промени.“

Затоа, можеби и денес ќе има ново зголемување на цената на горивата.