Намалувањето на акцизата за горивата, како што неофицијално објави ТВ Телма, би било за 30 отсто, иако се разгледувале и сценарија за намалување за 10% или 20%
ДДВ-то би се укинало за ограничена листа основни продукти

Владата се подготвува да донесе две крупни мерки како одговор на ценовната криза, јави Телма ТВ во синоќешната емисија „Топ тема“.

Една од мерките, според неофицијалните информации на телевизијата, најверојатно, ќе биде намалување на акцизата за горивата за 30 отсто, иако се разгледувале и сценарија за намалување за 10% или 20%.

Втората мерка, пак, ќе се однесува на укинување на ДДВ-то за конкретна ограничена листа на прехранбени продукти, за струјата и за парното.