Украинските медиуми пренесуваат дека жена во Киев соборила непријателски дрон со тегла со зимница. Приказната се прошири пред неколку дена на социјалните мрежи, но многумина сметаа дека станува збор за лажна вест.

Украинскиот портал „LIGA.Life“ пишува дека успеале да стапат во контакт со храбрата жителка на Киев која тврди дека со тегла со домати соборила руски дрон.

Наводно, едно утро додека таа седела на својот балкон и пушела цигарa слушнала како нешто зуи. Олена раскажала дека никогаш претходно не видела дрон. До неа на терасата имала тегла со закиселени домати од зимницата.

– Веројатно ја фрлив теглата од страв. Се исплашив. Размислував што ако почнат да пукаат кон мене! Но, каква штета за тие домати… – ѝ рекла Олена на новинарката и ѝ порачала: Не одам никаде. Ова е мојот дом.

Дронот паднал на земја, а Олена и нејзиниот сопруг побрзале да ги расчистат остатоците.

📷