Украинската армија објави видео од нивн војник како тропа на руски тенк. Украинскиот војник држи бомба во раката, а на тенкот се гледа буквата Z. Украинецот го удира тенкот со ногата и ги кани да излезат.

Поради некоја причина им се обраќа на германски.

– Добро утро, руски сви*и, им вели тој на германски.

Не се знае дали има некој во тенкот ниту каде и кога е направена снимката. Видеото го објавија украинските власти на официјалната веб-страница на армијата на социјалните мрежи.