Британскиот министер за технологија Крис Филп изјави дека одговорот кон Русија ќе биде „драматично силен“ доколку Русија употреби хемиско оружје во Украина.

„Ако го сторат тоа, тоа ќе биде злосторство против човештвото. Ова е линија што руските власти не треба да ја преминат“, додаде тој.

Претходно Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русите се подготвуваат да употребат хемиско или биолошко оружје во Украина.

„Загрижен сум дека токму русите не обвинуваат за хемиски напад. Загрижен сум бидејќи . досега се покажа дека ако сакаме да знаеме што прави Русија, само треба да погледнеме за што ги обвинуваат другите“, рече Зеленски.