Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека САД ќе одговорат на секој чекор на Руската Федерација што му се заканува на НАТО, дури и ако тоа доведе до светска војна, пренесува Макфакс.
– Американската армија е испратена до границите на Русија, САД ќе одговорат на секој чекор на Руската Федерација кон НАТО, дури и ако тоа доведе до светска војна, изјави американскиот претседател Џо Бајден.
– Ние ќе продолжиме да бидеме со нашите партнери и ќе испраќаме очигледна порака: ќе ја заштитиме секоја педа од територијата на НАТО… Едно движење… Затоа испратив 12.000 војници на границите со Русија – во Латвија, Естонија, Романија и така натаму. Затоа што ако има само едно движење, гарантирам дека ќе одговориме. И ќе има трета светска војна. Имаме света обврска, рече Бајден.