Беспилотно летало кое Украинците го испратиле во градот Јарун, наместо да стигне на посакуваната дестинација, тоа во четвртокот во 23 часот се урнало во Загреб.
Тоа се урнало во населбата која го носи истото име на украинскиот град Јарун. Двете места се оддалечени 1.004 километри, а експертите велат дека леталото кое е од советско потекло има максимален дострел од 1.000 километри и дека тоа би можело да биде причината за уривањето.
На остатоците од леталото е забележана црвена петокрака со кириличен натпис. Експертите објаснуваат дека Украинците го користеле леталото за снимањето, но и како мамец да тестираат и да откријат каде се наоѓаат руските противвоздушни сили.
Пред неколку дена едно такво летало паднало во Украина, а наводно го погодиле Русите. Експерт за авијација објаснил дека станува збор повеќе за крстаречка ракета, отколку за традиционален дрон, лансиран од приколка со однапред одредена рута.
Тоа не носи оружје и се користи за снимање и собирање податоци, а слетува со помош на падобран. На местото на падот каде први стигнале репортерите на „24 часа“, полицијата на Загреб пронашла два падобрана. Како украинскиот дрон од советска ера завршил на Јарун?
Постои една поприлично неверојатна теорија. Како што објаснуваат експертите, тоа летало има однапред одредена рута. И сега е интересниот дел. Во Украина постои место Јарун, се наоѓа во житомирската област, меѓу Киев и Лавов.
Како успеал дронот да ја прелета целата противоздушна одбрана на НАТО?
Не е невозможно да настанала грешка додека Украинците го програмирале за снимање. Грешката да настанала во откуцувањата на местата Јарун – Јарун, па дронот наместо во украинскиот Јарун го снимал и најпознатото езеро во Загреб.
И понатаму останува голем знак прашалник како е можно крстаречката ракета која лета на 6 километри над земјата со брзина од 900 километри на час, да ги помине сите НАТО-радари и противоздушна одбрана и да падне право во Загреб.